Бајден ќе положи заклетва на семејната Библија, на истата која положи заклетва во 2009 и 2013 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Џо Бајден денеска и официјално ќе стане претседател на САД. Во моментов трае инаугурацијата.

Бајден ќе положи заклетва на Библијата, и тоа на семејната Библија, на истата на која положуваже заклетва во 2009 и во 2013 година, кога ја извршуваше функцијата на потпретседател.

Библијата има келтски крст, и потекнува од 1893 година.

"Секој важен датум е таму. На пример, секогаш кога сум положил заклетва за било што, датумот бил запишан во Библијата", му рече Бајден на Стивен Колберт во декември 2020 година.