Бајден: Мора да се спречи сеопфатна војна на Блискиот исток

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Џо Бајден рече дека е недозволиво да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток.

Одговарајќи на прашање на новинар за потребата од спречување на регионален конфликт, Бајден рече: „Тоа е неопходно. Мора навистина да се избегне.

Бајден исто така изјави дека планира да разговара со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.

-Ќе ви кажам што ќе му кажам по нашиот разговор, изјави тој на новинарите.

Израел во неделата изврши удари врз Хутите во Јемен, проширувајќи ја својата конфронтација со сојузниците на Иран во регионот, два дена по убиството на лидерот на Хезболах, Саед Хасан Насрала.

Воздушните удари врз пристаништето Ходеида во Јемен беа одговор на ракетните напади на Хутите врз Израел во последните неколку дена, изјавија во Ерусалим, во услови на стравувања борбените дејства на Блискиот исток да излезат од контрола и во таа војна да бидат вовлечени Иран и главниот сојузник на Израел – САД.