Џо Бајден му се јави на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за да му честита на изборната победа и да го покани во Белата куќа на транзициски состанок.
Белата куќа соопшти дека Бајден „ја изразил својата посветеност за обезбедување непречена транзиција на власта“ и ја истакнал „важноста да се работи за обединување на земјата“.
Бајден утре ќе и се обрати на нацијата за да разговара за резултатите и транзицијата на власта.
Претходно, поразениот на изборите, актуелната потпретседател Камала Харис му се јави на Трамп, го призна поразот и му честиташе за победата.