Американскиот претседател Џо Бајден во неделата го поздрави падот на сирискиот претседател Башар ал Асад, велејќи дека тоа е „историска можност“ за Сиријците, но и предупреди на „ризик и неизвесност“.
„Режимот на Асад конечно падна“, рече Бајден во својот говор во Белата куќа, додавајќи дека тоа претставува „чин на правда“ и „историска можност“ за Сиријците.
„Ова е момент на историска можност за долготрпеливи Сиријци да изградат подобра иднина за својата горда земја. Ова е исто така момент на ризик и неизвесност“, додаде Џо Бајден.
„Додека сите се свртуваме кон она што следува, Соединетите Држави ќе работат со нашите партнери и засегнати страни во Сирија за да им помогнат да ја искористат можноста да управуваат со ризикот“, додаде тој.
Тој рече дека САД ќе ги поддржат соседите на Сирија за време на периодот на транзиција и ќе ги оценат зборовите и постапките на бунтовничките групи.
Бајден рече дека САД официјално не знаат каде е Асад, но виделе извештаи дека тој побегнал во Москва. Тој смета дека Асад „треба да сноси одговорност“.
President Biden: "After 13 years of civil war in Syria, more than half a century of brutal authoritarian rule by Bashar al-Assad and his father before him, rebel forces have forced Assad to resign his office, flee the country…At long last the Assad regime has fallen." pic.twitter.com/0laXTCNYbd
— CSPAN (@cspan) December 8, 2024
Асад во Москва
Руските новински агенции објавија во неделата, повикувајќи се на извор од Кремљ, дека Асад и неговото семејство пристигнале во Москва и дека руските власти им дале азил.
Новинската агенција Интерфакс цитира неименуван извор кој вели: „Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва. Русија им даде (нему и неговото семејство) азил од хуманитарни причини“.
Според Бајден, Сирија е во период на ризик и неизвесност и ова е првпат по многу години ниту Русија, ниту Иран, ниту Хезболах да имаат влијателна улога во Сирија.
Сите поддржувачи ослабеа
„Со години главни поддржувачи на Асад беа Иран, Хезболах и Русија. Но, во текот на изминатата недела, нивната поддршка опадна затоа што сите тројца се многу послаби денес отколку кога јас ја презедов функцијата“, рече Бајден, кој стана претседател во 2021 година.
Бајден рече дека американските сили ги гаѓале камповите и оперативците на Исламската држава во Сирија во неделата.
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нејзините сили извршиле десетици воздушни напади во неделата против цели на Исламската држава во централна Сирија.
Во соопштението на ЦЕНТКОМ се вели дека неговите напади имаат за цел да се осигура дека Исламската држава не ја искористи моменталната ситуација во Сирија.
