Новиот американски претседател Џо Бајден, недолго после влегувањето во Белгата куќа, потпиша неколку извршни уредби.
„Со оглед на ситуацијата, немаме многу време и ќе почнам со работа веднаш. Некои од извршни уредби кои ќе ги потпишам, се однесуваат на ковид кризата и климатските промени“, рече Бајден и додаде:
„Работите кои ќе ги направиме денеска ќе бидат одважни и јас ќе почнам со исполнување на ветувањата кон американскиот народ. Првата уредба која ќе ја потпишам се однесува на ковид, т.е. носење маски и оддржување дистанца“, вели новиот претседател.
Бајден ја потпиша и уредбата со која САД повторно пристапува на климатскиот договор во Париз.
Околу писмото кое го оставил Трамп, тој коментираше дека „писмото е многу љубезно“, но нема да открие што стои во него, се додека не разговара со Трамп.
Бајден заедно со својата сопруга влегоа во Белата куќа одејќи пешки. Неколку минути подоцна пристигна и потпретседателката Камала Харис.
