Нури Бајрами од Антикорупциската комисија денеска во летното дебатно издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека највиновни за корупцијата се вработените во јавниот сектор.
Според Бајрами, сите сме причинители и одговорни.
„Согласно нашиот закон, најодговорни се службените лица, а тие се именуваните, избраните и вработените во јавниот сектор“, вели Бајрами.
