„Барале по 20 евра“ – Приведени службеници од ГП „Блаце“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши за ТВ21 потврди дека е приведен раководителот на смена на граничниот премин Блаце, откако тој е снимен како бара 20 евра мито.

„Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила“, потврди заменик министерот.

Се дознава дека првопријавениот е Е.Ш од Скопје, раководител на смена на преминот меѓу Македонија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото се дознава дека е З.Р.

Скандалот е откриен откако бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници, во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан Албанија, го осуди притисокот што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му припаѓа.

„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра“, открива бизнисменот за Клан.

Екипата на „Стоп“ потоа замина на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа беше побаран поткуп од 20 евра по човек.

Утринава од одделот за внатрешна контрола истакнуваат дека во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно се работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.

Од таму додаваат дека по расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираат јавноста.