Курт Басинер, аналитичар, член на Советот за демократски политики и добар познавач на односите во Балканот, е еден од соговорниците вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатираме заедно со Флоријан Бибер, како и со гостите во студио Љупчо Петковски и Димитар Николоски.
Басинер рече дека не е евроскептик во однос на проширувањето, а на прашањето дали би можела американската дипломатија да помогне за интеграцијата на С. Македонија во ЕУ, тој истакна дека не е убеден.
ТВ21: Понекогаш имаше силно вклучување на американската дипломатија, може ли сега да очекуваме ангажман од нивна страна?
„Не би очекувал во овој момент. Би сакал да го видам и сеуште се надевам дека ќе дојде, но проблемот е во тоа што имате еден бирократски автопилот од континуирана политика која сме ја гледале од страна на високите претставници на Стејт Департментот, која беше доста трансакциска….се сеќавате на напорите на Гранел со Вучиќ и Дачиќ на Косово, а нешто слично гледавме и во Босна за време на изборите каде се гравитира кон склучување договори со лидерите додека не дојде еден јасен став од највисоко ниво и формирање на позиција долж бирократијата на Стејт Департментот, всучност едно своевидно калкулирање. Јас мислам дека има една дисконекција помеѓу што кажаа Претседателот Бајден и Секретарот Блинкен, дека американската политика глобално ќе биде вредност во смисла на либерално демократски вредности, да се биде против меѓународната корупција и внатрешната корупција и што всушност се случува на терен.“, вели Басинер.
