БДС и БНВ му поднесоа кривична пријава на Иван Стоилковиќ за негирање и исмејување со геноцидот во Сребреница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

БДС и БНВ му поднесоа кривична пријава на Иван Стоилковиќ.

Кривичната е за негирање и исмејување со геноцидот во Сребреница.

„Согласно статутарната определба на политичка партија Бошњачки демократски сојуз (БДС) и Бошњачки национален совет (БНС) како здружение на граѓани чии што делокруг на дејствување е застапување, унапредување и афирмација на правата на Бошњаците во Република Северна Македонија, денес преку Адвокат Едина Зекировиќ Фазлагиќ поднесоа кривична пријава против Иван Стоиљковиќ претседател на Демократска партија на Србите во Република Северна Македонија кој по повод од одлуката на Министерството за надворешни работи за коспонзорирање на Резолуција на Обединетите Нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница, геноцидот го нарече НЕКРОФИЛСКИ ДИЗНИЛЕНД.

Ваквиот говор на омраза е недозволен за сите граѓани а особено за Бошњаците, па поради тоа и како што најавија на прес-конференцијата со која го осудија ваквиот говор, така и поднесоа кривична пријава.

Иако како пратеник во Собранието го претставува народот, Стоилковиќ негува недемократски вредности и истите ги искажува јавно и ваквиот чин самиот се инкриминираше. Кривичната пријава ја поднесовме за сторено к.д. Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства чл.407-а ст.2 и ст.4 а в.в.403 од КЗ Геноцидот во Сребреница е потврден со бројни пресуди на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, Меѓународен механизам за кривични трибунали, пресуди на Европскиот суд за човекови права, и пресуди од судови во БиХ и Србија.

Нарекувајќи го најголемото страдање на човештвото после Втората светска војна со терминот “некрофилски дизниленд”, каде што некрофилија означува сексуално задоволување со мртви луѓе а дизниленд е најголемиот детски парк во светот и поим за детска забава, останува заклучокот дека Стоилковиќ геноцидот во Сребреница го доживува како сексуално задоволување врз мртвите деца и исмејување со страдањето кој овој народ го доживеал.

Пријавениот поттикнува омраза код припадниците на албанскиот народ во контекст дека истите издејствувале да МНР донесе ваква одлука што за резултат има разорување на етнички страсти. Се надеваме дека обвинителството предметот ќе го процесуира и дека пријавениот ќе биде санкциониран а истото ќе биде опомена кон сите останати да се воздржат од вакви или слични грозоморни изјави“, велат од таму.