Жителите, а особено младите од општина Чаир нема да му се израдуваат на базенот ниту оваа година. Поминаа 4 години од ветувањето на градоначалникот на оваа општина дека ќе се изградат два базени, но ниеден од нив не е во реализација.
„Градоначалникот на општина Чаир иако вети дека ќе изгради два базени во Чаир, ниеден од базените не е започнат да се гради, причините според него се административни.“, јавува репортерката на ТВ21.
Ганиу вели дека работел интензивно за исполнување на ова ветување но не можел поради имотно-правните процедури. За едниот базен во Топанско поле општината чека од Влада да ги уреди имотните прашања, а потоа да и го даде на менаџирање на општината и потоа да започне реконструкцијата.
„Ние две и пол години интензивно работиме за ова меѓутоа поради имотно –правните процедурите кои се покренати работите заглавија. Додека судот не донесе одлука ние не можеме да помрднеме ништо во тој правец.“, рече Ганиу.
За базенот во близина на училиштето Исмаил Ќемали, Ганиу вели дека општината ја обезбедила целата документација а сега се чека Агенцијата за млади и спорт да најде изведувач.
„За едната дозвола потпишано е за почеток на изградбата на базенот. Тоа ќе го реализира Агенцијата за млади и спорт. Од контактите што ги имав, со директорот и заменик директорот на Агенцијата имав средба. Ми рекоа дека чекаат да се комплетира документацијата од Општина Карпош и Кавадарци и така ќе се пушти оглас за трите базени да ги земе една компанија и да ја реализира инвестицијата.“, изјави Ганиу.
Од Агенцијата за млади и спорт за ТВ21 велат дека во јуни ќе започне изградбата на базенот во Топанско поле а за истиот ќе се издвојат околу 50 илјади евра.
