Со почетокот на новата учебна година, премиерот Христијан Мицкоски упати порака до учениците низ државата, со посебна честитка до најмладите кои денеска за првпат седнуваат во училишните клупи.
Мицкоски им посака успешен старт на првоодделенчињата, нагласувајќи дека пред нив е нов период во животот исполнет со учење, дружење и создавање нови пријателства.
Според премиерот, училишните денови носат и бројни предизвици, со кои младите ќе треба да се справуваат во текот на нивното растење и образование.
Тој посочи дека реалниот живот е поинаков од сликата што често се создава преку социјалните мрежи и дека младите треба да бидат подготвени да се соочат со проблемите и предизвиците, како самостојно, така и со помош од своите родители, наставници и пријатели.
На сите ученици во основното и средното образование, премиерот им посака успешна учебна година, со нови знаења и искуства кои во иднина ќе можат да ги применат преку својата работа во Македонија.
