Бебе од 8 дена е најмладиот пациент со коронавирус во Србија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во клиничко-болничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, најкритичниот пациент со двострано воспаление на белите дробови има 15 години, а најмладиот пациент во моментов кој е позитивен има само осум дена.

Децата, како што наведуваат, имаат нешто потешка клиничка слика отколку минатата година, а се приметува дека фактор ризик кај најмладите е дебелината.

Во Србија е зголемен бројот на детската популација која бара лекување во болниците, јавуваат докторите.