Беџети: Втора година како Фискалниот совет не приложува мислење за предлог-буџетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фискалниот совет втора година по ред не доставува мислење за предлог-буџетот пред неговото усвојување во Владата, иако тоа е законска обврска, изјави академик Абдулменаф Беџети, претседател на Советот, во емисијата Бизнис 21 на ТВ21.

Според Беџети, Советот не бил навремено известен од страна на Министерството за финансии да подготви мислење во однос на буџетот за 2026 година.

„Мислењето за буџетот треба да биде приложено од Фискалниот совет, но ова е втора година по ред да не се известува Советот да изготви мислење во однос на предлог-буџетот пред да биде усвоен од Владата. Ние после реагираме, и затоа се мисли дека Фискалниот совет е формиран од Собранието, и од тука и лани и оваа година мислењето ќе биде доставено до Комисијата за финансирање и буџет, и за следните 4-5 дена ќе биде подготвено мислењето“, вели Беџети.

Беџети нагласи дека станува збор за процедурален пропуст и дека имал разговор со министерката за финансии во врска со буџетските проекции и идната соработка меѓу Министерството и Фискалниот совет.