Најголемите социјални мрежи на технолошкиот гигант „Мета“, Фејсбук и Инстаграм, утрово се соочија со глобален проблем, односно имаа прекин во работата, оставајќи милиони корисници низ светот без можност за пристап. Техничките проблеми ненадејно почнаа во 10 часот по македонско време, а корисниците во Македонија не можеа да се вклучат во десктоп верзијата, додека на мобилните апликации немаа проблем.
Според статистиката на Ројтерс, пријавите доаѓаат од сите меридијани, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Сингапур, па сè до балканскиот регион. Најголемиот дел од проблемите (над 60%) се директно поврзани со функционалноста на веб-страницата, околу 26% со процесот на најавување, додека кај Инстаграм новите содржини воопшто не се вчитуваат или баферираат екстремно бавно.
