Беџети за евентуалната поделба на ДУИ: Двата табора би биле губитници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот Нури Беџети гостуваше вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, каде говорејќи за фракциите во ДУИ, рече дека евентуална поделба на оваа партија ќе има само губитници. 

Според Беџети, двата табора би биле губитници и само би ја зајакнале опозицијата, било да е албанска или македонска.

„Евентуален раскол меѓу ДУИ би имал двајца губитници. Прво, најголем губитник е ДУИ, која обединува повеќе од половина од албанскиот електорат. Евентуалната поделба би ги направила губитници двата табора во ДУИ и морален победник на ВМРО, но и на албанските ривали. Нема да има победник во ДУИ, тоа повеќе не би било фактор на албанската страна“, рече Беџети.