Скопското обвинителство побара притвор за првоосомничениот Прпарим Бајрами и второосомничениот Артан Груби по кривичното дело „Проневера во служба“во Македонска лотарија. Бајрами е осомничен дека без одобрение на управниот и надзорниот одбор презел активности за самостојно организирање на електронски игри со нарачување тендер за ВЛТ терминали чија пресметка изнесува над 8 милиони евра или 42% од буџетот на лотаријата. Поранешниот вицепремиер Груби е осомничен дека на 06.06.2023 година како раководител на владината седница го одобрил барањето иако знаел дека за конкретната јавна набавка таа е незаконска и дека „Државна лотарија“ нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
Бегството на екс првиот вицепремиер Артан Груби предизвика голема врева за начинот на кој избега во последен момент пред почетокот на акцијата. Дури властите велат дека тој поминал преку граничниот премин Блаце со автомобил со дипломатски таблички.
Дека е компромитирана полициската акција за апсење на осомничените, ова го тврди и првиот вицепремиер Изет Меџити истакнувајќи дека имало пропусти за време на полициската акција.
-Мислам дека бил само осомничен и имало пропуст од царинската полиција, без лоша намера. Откако ја поминал границата, влезен е во системот и тука е запален алармот дека се бара и да биде запрен за понатамошно испрашување. Како и да е, важно е правната држава да функционира, дека никој не е над законот, изјави првиот вицепремиер, Изет Меџити.
Истрагата против Груби започна веднаш откако Стеј Департментот на САД го стави на Црната листа, за основани сомнежи дека тој го корумпирал судијата Енвер Беџети за влијание врз судските случаи против екс шефот на тајните служби, Сашо Мијалков. Од Амбасадата на САД рекоа дека Црната листа ќе се проширува.