Беким Сали со верските лидери апелира на вакцинација-„Подобро да се спречи отколку да се лечи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Беким Сали се сретна с о верските поглавари во спомен куќата Мајка Тереза. Целта е заедно да апелираат до граѓаните на вакцинација за заштита од Ковид 19. Ова е начинот на кој Сали планира да ги поттикне граѓаните да се имунизираат, земајќи предвид дека интересот за вакцинација е значително намален. Министерот не планира да воведе дополнителни мерки за невакцинираните граѓани.

Поглаварот на ИВЗ рече дека се придржуваат до протоколите и постојано апелираат од џамиите до граѓаните да се вакцинираат.

„Ова прашање да го сфатиме сериозно бидејќи станува збор за човечкиот живот. Да не дојде до тоа да се каеме и да речеме ех камо да се вакцинирав навреме, немаше да се случи ова, како што се случи кај многу семејства, како што ме имаат информирано“, рече Шаќир Фетаху поглавар на ИВЗ.

И поглаварот на МПЦ апелираше на вакцинација и рече дека е подобро да спречиме отколку да лечиме.

Според податоците на ИЈЗ до 25 јануари две дози вакцина примиле околу 839 илјади граѓани. До 29 јануари околу 843 граѓани што значи дека за две недели се имунизирале само 4 илјади граѓани на територија на цела држава.