Министерот за економија, Крешник Бектеши, повикува да се штеди струја што е можно повеќе, со цел, како што вели, што полесно да го поминеме зимскиот период кој ни претстои. Ја повика опозицијата да биде поконструктивна и да овозможи прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор со цел спроведување на анти-кризните мерки.
Директорот на „Електрани на Северна Македонија“, Васко Ковачевски, вели дека во моментов нема потреба од купување електрична енергија, бидејќи ЕСМ ги задоволува потребите за струја на „ЕВН Хоум“ и „МЕПСО“. Додава дека засега земјава набавува јаглен по најниска цена во регионот.
Во моментов секој инсталиран мега ват е „чисто злато“ и е многу важен во енергетскиот систем на државата, изјави Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација. Тој се осврна и на барањата што ги имаат како асоцијација.
Како Енергетска асоцијација исто така бараат да се зголеми домашното производство на електрична енергија, користејќи ги сите можни ресурси, а Владата да ја врати Уредбата активна во кризната состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата.
