Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот на ИВЗ,  Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката средба што ја имаа на која разговараат за енергетската криза.

-Веднаш ќе апелираме до сите над 700 објекти што ги имаме во РСМ, до нашите 13 муфтивства ќе апелираат до сите џамии и така натаму, навистина да бидат внимателни. На крајот на краиштата, таа грижа е и за потребите на џамијата за да не го трошат буџетот кој доаѓа од верниците, вели поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.

Во текот на неделава се очекува Бектеши да се сретне и со претставници на МПЦ. Според него, влијанието на верските заедници врз граѓаните е големо, па затоа ги почнал овие средби со челниците на верските установи.

Во однос на штедењето струја во џамија, Фетаху рече дека во 24 часа верските објекти трошат многу малку, бидејќи тоа им е верска должност.

-Во нашите џамии, знаејќи дека понекогаш се троши многу струја, одиме само таму каде што е потребно, на пример, дел од џамијата се грее и тоа го правиме автоматски за да се вклучи 5 минути пред завршувањето и до 10 минути по молитвите што се извршуваат во џамијата. Кога ќе го организираме ова како што треба, во верски објекти нема да се потроши ни 1 час електрична енергија, додава Фетаху.

Фетаху меѓу другото рече дека џамиите трошат малку струја поради тоа што сметките ги плаќаат самите верници, а пак, џамиите се финансираат од буџетот на граѓаните.