Бектеши фрли ракавица, „ВРЕДИ“ прифати: Кој ќе изгуби на избори, да се повлече од политика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Крешник Бектеши од ДУИ ги предизвика сите партии. Оној што ќе изгуби на изборите, целосно да се повлече од политика. Дури предложи лидерите на партиите да потпишат договор, тој што ќе изгуби, веќе да не се занимава со политика.

Не задоцни одговорот од коалицијата ВРЕДИ, од каде го прифатија предизвикот и ја повикаа ДУИ да изберат нотар и време, каде ќе се потпише тој што ќе изгуби дека нема право никогаш веќе да се занимава со политика.

Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив.  Меѓутоа, ВРЕДИ нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој изгуби нема право да се занимава никогаш повеќе со политика“, велат од Вреди.

Според Димитар Ковачевски од СДСМ, овој предизвик наликува на фудбалски натпревар, каде доколку еден клуб изгуби, сите играчи и тренери да се повлечат од фудбалот. Вели дека политичарите треба да ги подготват своите политики, а граѓаните да оценат кого ќе поддржат.

И за Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ овој предизвик на Бектеши е еден вид замка за Али Ахмети, бидејќи, како што рече, Бектеши најверојатно посакува да го заземе местото на Ахмети како лидер на партијата.

Инаку прашањето за оставка по губење на изборите не е нешто што не сме го слушнале во минатото. Претходно, лидерите на многу политички партии ветија дека доколку ги изгубат изборите ќе се повлечат од политика. Има и други кои се повлекле од функцијата претседател но и натаму продолжиле да се занимаваат со политика и добиле друга функција во партијата.