Демократијата се учи уште од најрана возраст: Учениците во Собранието, учеа за својата улога во општеството

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Демократијата се учи уште од најрана возраст, преку почитување на различните мислења, учество во донесувањето одлуки и вклучување во заедницата. Ова беше пораката во Собранието, по повод Меѓународниот ден на демократијата, на кој учествуваа ученици од основните училишта.

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, им објасни на учениците дека демократијата подразбира заедничко донесување одлуки и почитување на волјата на мнозинството. Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер, истакна дека демократијата не започнува само со правото на глас, туку во моментот кога ќе сфатиме дека нашиот глас е важен. На крајот, учениците имаа интерактивна дискусија со пратениците за демократијата и начинот на донесување одлуки.