Бектеши на средба со претставниците на мелниците, ќе се укине забраната за извоз на брашно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши, по средбата со производителите на брашно, изјави дека е донесена одлука за укинување на забраната за извоз на брашно во соседните земји. Според министерот, ова одлука е донесена бидејќи во време на Ковид-19, не е забележено зголемување на цената на брашното и дека државата има доволно залихи на брашно и пченица.

„Немаше зголемување на цената на брашното и денеска ја отворивме и темата при што како Влада ќе ја укинеме забраната за извоз на брашно, главно, во соседните држави, со цел и нашите производители да бидат поконкурентни. Но, ги следиме и одлуките на соседните земји и на тој начин да помогнеме во олеснувањето на увозот на пченица во Северна Македонија.“, рече Бектеши.

Со ова одлука, додаде Бектеши, производителите на брашно ќе бидат поконкурентни на пазар и ќе се олесни увозот на пченица. Претседателот на здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанска комора, Горан Малишиќ, изјави дека е задоволен од донесената одлука.

Бектеши рече дека се подготвува одлуката за извоз на брашно, а се очекува да се усвои на следната владина седница.