Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека ниту тој ниту било кој од Владата посредувал во разговорите меѓу жителите на Слупчане и ЕВН и дека не знае што се преговарало овие денови. ВМРО-ДПМНЕ само шири лажни вести, рече Бектеши и додаде дека жителите на Слупчане биле чесни граѓани и придонесувале повеќе за државата од самата опозиција. Загубите на струја се многу помали од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ рече Бектеши.
Ние сме за да се почитуваат целосно законите во нашата држава и да не направиме поделби и да ја тераме проблематиката во насока на етнички поделби, регионални поделби или пак слично, зашто тие жители се чесни, домаќини и значи како секој граѓанин живеат во оваа држава и ги преземаат и обврските и даваат придонес а најверојатно овие локации многу поголем придонес даваат од ВМРО-ДПМНЕ.“, рече Бектеши.
Претходно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа од Владата и од Бектеши да одговорат што е договарано за струјата во Слупчане.
„Дали Владата која што се вмеша во овој должничко-доверителски спор е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите. Дали Владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата на струја, како што бараат од 3.000 денари без разлика колку се троши. И секако мора да се даде одговор на прашањето, зошто сега се случува овој проблем, ако се знае дека со само две неплатени сметки ЕВН гаси струјомер насекаде во Македонија.“, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
По разговорите кои деновиве се водеа меѓу жителите на Слупчане и ЕВН околу електричната мрежа и неплатените сметки тензиите полека се смируваат, и според она што досега е постигнато најверојатно е дека долгот ќе може да го плаќаат на рати но за тоа бараат да има писмен договор.
