Белата куќа најавува нова помош за Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Соединетите држави очекуваат да објават нова безбедносна помош за Украина во наредните денови, изјави во петокот портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Кирби рече дека најавата за нова помош е очекувана откако Вашингтон минатата недела објави дека ќе испрати 5,9 милијарди долари воена и буџетска помош за Украина, како и дека состанокот на Контакт групата за одбрана за Украина ќе се одржи во Германија на 9 јануари.

„Можете да очекувате и најава за нова безбедносна помош за Украина… во наредните денови“, рече Кирби, без да даде детали.