Беловски: Новинарите одговараат како и секој друг граѓанин во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 почнува со регионалниот серијал “Робин Худ”, во соработка со колеги од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Обработуваме теми за кои јавноста мора да слушне. Првата епизода ја емитуваме денеска со почеток 21:15 часот.

Посветена е на нашите колешки новинарки, но и колеги новинари и нападите врз нив при професионалното известување.

Во првата емисија разговараме со Павле Беловски претседател на Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, кој вели дека и новинарите одговараат како и секој друг граѓанин во Македонија.

„Да, ние сме новинари, благодарејќи на заснованиот работен однос. Меѓутоа ние сме пред законите, граѓани на оваа држава. Кога сме граѓани имаме обврски кон законите, имаме права и имаме обврски. Ако некого клеветиме, ако навредуваме, ако се служиме со дисктиминаторски говор, или пак со навреди и закани по живот, ние одговараме како и секој граѓанин на Република Македонија“, порача Беловски.