Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок денеска ја повика ЕУ да ја зголеми помошта за Украина пред Нова година и порача дека Германија ќе продолжи „непоколебливо да стои покрај Украина заедно со своите партнери“.
„Од почетокот на руската војна, само Германија насочи повеќе од 37 милијарди евра во целост за да и помогне на Украина, но и да се заштитиме. Германија до крајот на оваа година ќе предаде уште два системи за противвоздушна одбрана IRIS-T“, изјави Бербок по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, пренесува Укринформ.
Таа истакна дека министерот за одбрана Борис Писториус јасно ставил до знаење дека веќе е започната работа на трансфер на беспилотни летала со вештачка интелигенција, од кои се ветени вкупно 4.000.