Седницата на Советот на општина Тетово е откажана бидејќи не помина дневниот ред. Гласовите во Советот беа поделени 15 со 15, бидејќи советник од Беса ќе биде именуван за началник за урбанизам и го предаде мандатот. Барањето на независните советници како прва точка на дневниот ред да биде ставена расправата за улицата „Страшо Пинџур“ ги натера да гласаат против.
„На телефонска врска, кога градоначалникот ги имаше бизнисмените овде, му кажав дека за дрвјата ќе завршите во Обвинителство. Може да се сечат дрвја каде што ќе се почитуваат сите законски одредби овде бидејќи членот и законот за урбано зеленило вели дека треба да се сечат дрвја постари од 6 години, да се направи вештачење што треба да го следи тоа место и таа локација. Како може тој проект да се прекине еден месец откако го доби мандатот и по шест месеци без никаква корекција на тој проект. Договорот што е направен за реализација, работите почнуваат да се носат, тоа беше криминал во тој проект, барам да му се постават овие прашања на градоначалникот и повторно му ги поставувам овде“, вели Хамди Сулејмани советник од „Подобро за Тетово“
Советниците на ДУИ побараа општината да ја стави на дневен ред точката поврзана со потпишување на договорот меѓу општина Тетово и приватна Агенција за вработување, вреден 300 илјади евра.
„Го поддржавме барањето на иницијативата „Подобро за Тетово“ да биде ставено на точка на дневен ред и имавме уште едно барање да биде ставено на дневниот ред да ни се даде информација за договорот што го имаат направено со приватната агенција за вработување на надворешни лица, не помина и видовме зошто не помина и дојдовме до заклучок дека немаме кворум за продолжување на дневниот ред“, вели Блерим Османи, советник од ДУИ.
Претседавачот на советот Бесар Дурмиши рече дека утре ќе свикаат нова седница, притоа додавајќи дека не се против точките, но дека освен „Страшо Пинџури“ има и други прашања за кои треба да се разговара.
„Нивното барање требаше да се утврди како прва точка за информирање на граѓаните, а рековме дека треба да биде 8-ма точка на дневен ред да се разгледаат точките и потоа да се известат. Советниците на ДУИ побараа да се додадат за репортажата на некој медиум, но Советот има своја програма по која треба да работи и јас им реков дека во моментот кога администрацијата ќе подготви квартален извештај за репортажата на медиумот, ќе ве информирам . Ќе треба да седнеме и да се координираме бидејќи има други проблеми освен „Страшо Пинџур“ , а за „Страшо Пинџур“ имаме и ние образложенија и верувам дека и тие имаат свои причини“, рече Дурмиши.
Општина Тетово одлучи да се исечат сите дрвја на улицата „Страшо Пинџур“ за да се отвори пат за работите кои беа во прекин шест месеци, додека советниците од независната листа побараа елаборат и образложение за сечата.
