Беше ветена борба против брзите кредити: Бизнисот цвета, ВРЕДИ бара време и трпеливост

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со победата на ВРЕДИ веруваме дека ќе заврши големата болест на казината и лотаријата. Ќе дадеме се од себе да го забраниме коцкањето. Нашата идеја е да ги стопираме и брзите кредити кои всушност се само лихварство. Ќе ги бришеме долговите на луѓето со брзи кредити, изјави Африм Гаши од ВРЕДИ.

Затворањето на брзите кредити и бришењето на сите долгови кои граѓаните ги имаат кон овие компании беше една од предизборните ветувања на коалицијата ВРЕДИ. Но, по изборите ова прашање како да беше заборавено, додека целиот фокус беше ставен на борбата против коцкањето. Еден од лидерите на ВРЕДИ, Арбен Таравари бара трпение, бидејќи на ред ќе дојдат и брзите кредити.

-Полека, треба само малку стрпеливост, бидејќи за сто дена очекувате да ги направиме работите кои ДУИ не ги направи 22 години. Ни треба време, дајте ни простор, се ќе се направи. Само трпеливост, изјави Арбен Таравари од АА/ВРЕДИ.

Истото го кажа и пратеничката на ВРЕДИ, Саранда Имери, која доаѓа од редовите на Демократското движење.

-Во постапка сега е затворањето на онлајн обложувалниците, а наскоро ќе има акција и за брзите кредити, вели Саранда Имери од ДД/ВРЕДИ.

А, додека се чека нешто да се направи, брзите кредити продолжуваат да цветаат во Македонија. Можете да ги најдете на секое ќоше од градовите, додека честопати предизвикале доста проблеми, дури и со украдени податоци. Нив ги адресираше и народниот бранител, покажувајќи различни случаи, како на пример кога се подигнати пет брзи кредити на име на лице со церебрална парализа. Несер Зибери дури апелираше да се зголемат контролите од Министерството за финансии. А од оваа министерство во извештај пред една година констатираа сериозни прекршоци.