Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека оваа година Владата враќа и обврзница од 500 милиони евра.
Тој вели дека оваа обврзница има камата од над 4 отсто.
„Ние веќе на странски пазар се задолживме со еврообврзница која успеавме да ја имаме една од најниските каматна стапки, 1.6 – 2.5 % и остатокот ќе биде од домашниот пазар, меѓудругото враќаме и 500 милиони евра обврзница од претходно, што е со камата над 4 отсто“, посочи Бесими.
Целото интервју ќе може да го погледнете во 19:10 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
