Без снег, но со туристи! – Во функција жичарниците на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попова Шапка досега немаше среќа со почетокот на сезоната.

Иако е јануари, сè уште нема снег!

А кога нема услови за скијање, некој ја користи можноста за скокање со падобран.

Но, и без снег, Шар Планина има свои верни посетители кои доаѓаат овде!

„Подобро ќе беше да имаше снег, но и вака е добро, зошто да не?! Вреди да се види ова прекрасно место, зошто да не го видиме, најдоброто место на наше подрачје“.

Ставени се во функција шестоседот и „Целипашина“ за панорамска прошетка.

„Иако немаме снег, се надеваме дека наскоро ќе имаме нови врнежи согласно прогнозите на синоптичарите. Доколку имаме доволно снежни услови ќе започнеме и со скијање, покрај атракциите и панорамските прошетки кои ги имаме еве веќе втор викенд за туристите и оние кои дојдоа да уживаат во сета оваа убавина“, вели Адем Авзиу.

Како минатиот, така и овој викенд е забележан доста голем интерес на граѓани за посета на Попова Шапка.