Безживотно тело на 66-годишен битолчанец било пронајдено во реката Драгор, кај местото викано „Дрвено мовче“ во населбата Кланица во Битола, информираат од СВР Битола.
По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за лице чиј роднина на 2 јуни пријавил во полиција дека се оддалечило од домот.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа на СВР Битола.
