Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени при полициски преглед на возило во скопската населба Драчево. Поради случајот, од слобода е лишен 49-годишен жител на Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 ноември, во 02:25 часот, на улицата „Таки Даскалот“, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.М. (49).
При преземање службени дејствија, бил извршен преглед на патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал осомничениот. Во возилото биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
