Би-Би-Си: Киев не е повикан на преговорите за завршување на војната во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Киев не е поканет на разговори меѓу САД и Русија за ставање крај на војната во Украина, изјави за Би-Би-Си висок извор од украинската влада .

Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог изјави дека Киев ќе учествува во преговорите во Саудиска Арабија, но истиот извор за Би-Би-Си изјави дека таму нема да има украинска делегација.

Ниту европските лидери не се поканети на преговорите и наместо тоа, ќе се сретнат во понеделник во Париз , на самитот организиран набрзина од францускиот претседател Макрон, во услови на зголемена загриженост дека Европа е исклучена од преговарачкиот процес.

Овие одделни состаноци доаѓаат по бурната недела во која Вашингтон навести драстична промена во пристапот кон војната во Украина.

Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, во неделата навечер потврди дека патува во Саудиска Арабија на првите директни преговори меѓу САД и Русија за ставање крај на конфликтот.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата откри дека Виткоф веќе се сретнал со Путин, и имал „многу долг разговор, кој траеше околу три часа“.