„Би бил среќен ако камерите почнат со работа во јануари следната година“, рече Тошковски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи денеска рече дека конечната примена на проектот „Сејф сити“ ќе придонесе за намалување на бројот на жртви од сообраќајни несеќи.

„Ќе треба да се направат законски измени, за сите оние чекори кои ќе бидат преземени, за на крајот да имаме ситуација оној кој управува моторно возило да биде казнет ако напрви некој прекршок“, рече Тошковски.

Министерот кажа дека очекува следната година да почнат со работа камерите.

„Јас би бил пресреќен ако тоа биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен“, рече Тошковски.