Бил Клинтон (78) денеска бил отпуштен од болницата во Медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун, каде што бил примен во неделата поради покачена температура, пишува „Хил“. Анхел Урена, поранешниот заменик шеф на кабинетот на Клинтон, откри што се случило.
„Претседателот Клинтон беше отпуштен претходно денеска откако закрепна од грип. Тој и неговото семејство се длабоко благодарни за исклучителната грижа што ја пружи тимот од Универзитетската болница Медстар Џорџтаун и се трогнати од љубезните пораки и добрите желби што ги доби. Тој испраќа најтопли желби до сите за среќни и здрави празници“, изјави таа на социјалната мрежа „Икс“, поранешен „Твитер“.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон беше 42-от претседател на САД. Тој имаше повеќе здравствени кризи и проблеми откако ја напушти Белата куќа.
Нему му беше вграден четирикратен бајпас во 2004 година во Њујорк, а една година подоцна доживеа делумен колапс на белите дробови. Клинтон имаше уште една операција на срцето во 2010 година, кога два стента беа ставени во неговата коронарна артерија.