Билал Касами: Ќе ги средиме со закон и „балансерот“ и употребата на албанскиот јазик

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, воедно и актуелен градоначалник на Тетово во емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека коалицијата ВРЕДИ наследила многу проблеми од минатогодишното владеење на ДУИ.

Според Касами, ДУИ за работите кои ги тангираат Албанците донесе некои закони на погрешен начин кои сега се контестираат од Уставниот Суд, како што е употребата на албанскиот јазик во институциите и „балансерот“.

Тој рече дека со нов и правилен закон ќе ги средат и правичната застапеност и употребата на албанскиот јазик.

Касами потенцираше дека тие немаат влијание врз Уставниот суд како што имале ДУИ и дека самиот суд требале да почекаат со нивната одлука затоа што тие спремаат нов закон кој набрзо ќе се најде во собраниска процедура.