Бишев за унгарските пари: Станува збор за меки кредити за стопанството, во моментов на пазарот не постојат вакви

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседател на фискалниот совет, Глигор Бишев во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 говореше за средствата од унгарскиот кредит кои се наметнати за стопанството.

Според него, станува збор за т.н. меки кредити, а во моментов на пазарот вакви не постојат.

„Самиот факт дека се одобрува на рок до 15 години, со грејс период од 3 години, во моментот на пазарот не постојат вакви. Исто така она што е објавено е дека каматната стапка ќе биде фиксна и дека ќе се движи околу 1,95%, ризикот дека ќе го носат банките и затоа е таа провизија и каматна стапка за банките. Од тој аспект се очекува да се употребуваат кредитните критериуми за кредитирање на банките што е добро да кредитите да се даваат за профитабилни проекти кои што ќе донесат до остварување на дополнителна додадена вредност, до вработување на дополнителен број на работници и забрзување на економскиот раст, што е цел на економската политика на Владата“, вели Бишев.