Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска го достигнаа плафонот, не можат ништо повеќе, а тоа не е доволно за победа на претседателските избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Граѓаните вчера ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – ја продолжуваме битката со резултат НУЛА-НУЛА. Нема откажување, нема време за малодушност. Да не бараме утехи, затоа што битката за европска Македонија уште не е завршена. Кренете ги главите, вратете ги насмевките. Ние како партија сме обединети и ќе се бориме за нашите убедувања.“ – кажа Потпретседателот на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на „Коалицијата за европска иднина“ во изборната единица 2, Фатмир Битиќи на централниот митинг во Чучер Сандево од каде порача дека СДСМ ја слушна пораката која граѓаните ја испратија на првиот круг претседателски избори.

СДСМ продолжува со засилена одлучност и решителност како и посветеност за  идејата за европска Македонија:

„Ве уверувам дека со оваа реторика која што ја има ВМРО-ДПМНЕ, со ксенофобијата на Гордана Силјановска Давкова не постојат гласови од албанскиот електорат кои тие ќе можат да ги добијат во вториот изброен круг на претседателските избори.  За разлика од нив, пред нас е хоризонтот на гласови кон кој треба да се движиме на 8ми мај.“ – истакна Битиќи.

Дополнувајќи дека е потребен поглед напред, кон визијата за просперитетна и сплотена Македонија, членка на ЕУ, со силен економски раст и општество во кое секој граѓанин е третиран и ценет подеднакво.

„Една работа е јасна од првиот круг на претседателските избори, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска го достигнаа својот максимум на гласови, го достигнаа плафонот. Повеќе нема што да бараат, ниту да очекуваат од граѓаните на 8ми мај. Толку можат, ништо повеќе. А тоа не е доволно за победа на претседателските избори“, рече Битиќи.