Битката со коронавирусот ја изгубија 11 лица – најмладиот 41 година од Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19.

Оваа битка ја изгубија 11 лица:

  • Три лица од Скопје (67, 72 и 67г)
  • Едно лице од Тетово (68г)
  • Едно лице од Гостивар (78г)
  • Едно лице од Крива Паланка (84г)
  • Едно лице од Кочани (41г)
  • Едно лице од Демир Хисар (72г)
  • Едно лице од Македонски Брод (78г)
  • Две лица од Делчево (80 и 60г).

Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.