Биткоинот достигна рекордни 25.000 долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вредноста на дигиталната валута биткоин денес порасна за шест проценти и повторно достигна рекордно високо ниво.

Една монета од оваа криптовалута во моментов вреди 25.005 американски долари.

Оваа криптовалута доживеа изненадувачки успех за време на пандемијата на вирусот корона. Од март, кога вредеше 5.000 долари, до денес, вредноста на биткоинот е зголемена за 400 проценти, пренесува порталот Бизнис денес.