Проектот за енергетско поврзување меѓу Македонија и Албанија, започнат во 2014 година, и понатаму е на „стенд-бај“ – 50 милиони евра се потрошени, но резултатите се уште ги нема.
Проблемите со овој стратешки проект не се само финансиски, туку и структурни. Во изминатите години, проектот за пренос на електрична енергија низ Македонија и Албанија, кој беше предвидено да донесе стабилност во снабдувањето, помина низ осум различни директори на МЕПСО. Со честите промени на раководството и дополнителните анекси, проектот се соочува со неопходни финансиски додатоци – два тендера вредни по 17 милиони евра, анекс договор од 3 милиони евра и дополнителен анекс од 8 милиони евра.
Каде е заглавен проектот? Со оглед на сите овие дополнителни средства, не е јасно каде точно се заглави процесот на реализација и зошто работите не напредуваат со планираното темпо. Одговорноста за застојот и зголемените трошоци станува прашање кое бара внимание, особено кога се разгледуваат улогите на различни компании и подизведувачи кои биле вклучени во проектот.
Дали конечно ќе има одговорност? Гледајте ја емисијата #БИЗНИС21 на ТВ21, во среда од 21:30 часот, каде ќе откриваме детали за овој стратешки проект и ќе ги анализираме можните последици и одговорности кои може да се сносат.
