Бизнисменот Mарковски ја напушти Mакедонија oткако судот му го врати пасошот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бизнисменот од Битола и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски, вчера бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените полициски проверки му било дозволено да го продолжи патувањето надвор од државата.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека против Марковски не била изречена активна мерка за забрана за преминување на државната граница. Неговото заминување следува откако Основниот суд во Струга донесе одлука да му го врати пасошот, кој претходно му бил одземен како мерка на претпазливост.

Марковски и уште осум лица се обвинети за преместување на оперативни станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“, во рамки на тендер вреден повеќе од 1,7 милиони евра. Првото судско рочиште за овој случај е закажано за 2 септември. Од Основното јавно обвинителство посочија дека првично побарале мерка притвор, додека нејзината замена со гаранција и враќањето на пасошот биле одлуки донесени од судот.