Блажевска – Еминова го заврши настапот во Токио на 40. место од 52 натпреварувачки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уште една македонска спортистка го заврши настапот на Олимписките Игри во Токио. Миа Блажевска Еминова која што денеска пливаше на 100 метри слободно, заврши на 40. место од 52 натпреварувачки.

Таа го освои првото место во својата квалификациска група со време од 57.19, но недоволно да се пласира во полуфиналето.

Таму се пласираа првите 16 од квалификациите.

Австралијанка Ема Мекион постави нов олимписки рекорд во квалификациите, откако исплива со време 52.13 секунди.

Блажевска Еминова е најмладата спортистка од Македонија која некогаш учествувала на Олимписките игри.