Блерим Беџети против влезот на АА во Влада – го обвинува Груби за нереализација на проектите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети е против приклучувањето на Алијанса за Албанците во Влада. Како што вели, потребно е да има здрава опозиција.

„Мислам дека не, не мислам, туку сум убеден дека не. Зошто би требало? Ние ги добивме изборите, за демократијата е здрава оваа опозиција. Евроинтеграциските предизвици кои ни претстојат… се произнесоа дека ќе ги гласаат. Беа дел од оваа владина гарнитура во претходниот мандат СДСМ-ДУИ, на локалните избори беа со ВМРО. Тие треба да си го трасираат својот политички пат, како да станат посилни сами, а не како дел од власта, што не е добро ниту за нив, ниту за нас“, вели Блерим Беџети.

А што се однесува до нереализираните проекти од страна на извршната власт, Беџети вели дека одговорните имаат име и презиме.

„За одговорност секој има име и презиме и мислам дека за нереализацијата на одредени проекти има одговорност, a во однос на меритократијата има и награда за сработеното. Одговорните имаат 6 имиња, зошто Али Ахмети, кога не е ниту вицепремиер, ниту министер?“

-Сметате дека главен одговорен е Артан Груби?

„Да, секако. Вицепремиерот постојано ги координира министрите“.

Освен неуспесите, Беџети се осврна и на добрите работи кои се направени, а како пример го наведе Универзитетот „Мајка Тереза“.