Блинкен: Светот е побезбеден без „бруталниот терорист“ Насрала

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Светот е побезбеден по убиството на шефот на Хезболах, Хасан Насрала, од страна на Израел, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој го опиша Насрала како „брутален терорист“ и нагласи дека регионалната и глобалната безбедност се подобриле без него.

„Регионот и светот се побезбедни без него“, рече Блинкен, но истакна дека „дипломатијата останува најдобриот и единствениот пат за постигнување поголема стабилност на Блискиот Исток“.

Тој додаде дека САД ќе продолжат да работат „итно“ за да се постигне прекин на огнот меѓу Израел и палестинската терористичка група Хамас во Газа.