Од 12:00 часот денеска, поради протест на грчките земјоделци, целосно е блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничните премини Ники (ГП Меџитлија) и Евзони (ГП Богородица).
Протестите на грчките земјоделци го попречуваат нормалниот сообраќај кон јужниот сосед, а патниците и товарните возила се советуваат да ги следат сообраќајните информации и да користат алтернативни патни правци.
Надлежните институции апелираат до учесниците во сообраќајот за трпение и внимателност при движењето.
