БМЗ треба да го зголеми македонскиот извоз, цената на батериите во светот паѓа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Групацијата БМЗ, која постави камен-темелник во Технолошко-индустриската зона во Скопје, е глобален играч во производството на литиум-јонски системски решенија, пишува Блумберг Адриа.

БМЗ веќе произведува во земјава во постоен објект во рамките на „Раде Кончар“. Но, според генералната менаџерка на компанијата во Македонија, Јелица Ивановска, потребен им е поголем објект.

„Сега во компанијата работат 110 вработени на пет производствени линии. Веќе имаме комерцијално производство, но имаме потреба од поголем простор. Ќе градиме модерна фабрика, каде што ќе имаме 40 производствени линии, а вкупниот број на вработени ќе изнесува од 770 до 1.000“, рече Ивановска.

Во моментов од фабриката во Македонија се извезува за Германија и Полска, но новиот погон ќе овозможи зголемување на извозот и надвор од Европа. Се очекува производството во новата фабрика да почне во мај следната година.