Авион од типот Боинг 727 од 1968 година, кој некогаш припаѓал на јапонска авиокомпанија, успешно е превезен од аеродромот Котсволд до Брисел со камион.
Трупот на авионот го купил бизнисменот Џони Палмер, и имал идеја да го претвори во канцеларија за свои потреби. Откако е потврдено дека авионот нема повторно да лета. Палмер успеа да договори ниска цена за негово откупување.
Сепак, како јавува порталот „Плутон логистик“, морал да го реши проблемот со безбедноста на транспортот на авионот на нова локација. Првото и главно прашање беше како да се земе авионот од трева, и да се однесе на посакуваното место. Палмер набавил пластичен материјал кој требало да служи како привремен пат. На крајот успеале да го извлечат авионот без последици.
Боингот минатата сабота бил пренесен од аеродромот Котсволд до Бристол, а за превоз била задолжена компанијата „Кук транспорт“. Небоичниот транспорт е емитуван во живо на „Фејсбук“.
