Бојкот поради таблети, наместо учебници, унијата на средношколци вели не сме ние, партиите собираат поени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најавата на Министерството за образование за дигитализација на учебниците беше причина родителите да се организираат за бојкот на наставата.


Група на социјалната мрежа на Фејсбук собра 72 илјади члена со име “Учебници и настава мора да има“. Во оваа група се апелира за бојот на наставата. Забелешки има и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која бара за сите ученици да има еднаков систем на образование, а според оваа партија, со дигитализацијата ова нема да биде можно.

Веднаш стигна одговор од МОН.
Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да се грижи за капацитетите и динамиката за тоа како ќе се постигне дигитализација на учебниците.

„Добро е што ВМРО-ДПМНЕ конечно признава дека ја поддржува дигитализацијата и не треба да се грижи дали МОН нема капацитети истата да ја спроведе. Подготовката на новата програма, материјалите и како и сите потребни капацитети се одвиваат со потребната динамика и сé ќе биде подготвено за почетокот на следната учебна година“, велат од МОН.


МОН порача родителите да не потпаѓаат пред пропагандата и политичките влијанија. Според нив, реформите во образованието се потребни и тоа се прави за доброто на децата.


Пред три дена МОН го повлече предлог законот но не се повлече од идејата за дигитализација. Ќе се направат одредени корекции и обработка на предлогот.