Бојмацалиев: Издавањето на пасоши доцни по неколку месеци, и покрај ветувањата од Тошковски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Издавањето на патните исправи за граѓаните доцни по неколку месеци и покрај ветувањата од министерот Тошковски, истакна дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев одговарајќи на неговите изјави дека нема потреба да оди на Меџитлија за да види дали пристигнале обрасците.

-Тоа зборува за неговата политичка култура, живееме во слободно, демократско општество, дозволено е секогаш што сака да каже. Јас само би се надоврзал дека кога зборувам, зборувам со факти, а факт е дека во мандатот на министерот Спасовски за личните документи граѓаните се сликаа и ги добиваа за 15 дена. Факт е дека во мандатот на министерот Панче Тошковски граѓаните ќе ги добијат своите документи за 2,5 месеци и факт е и дека самиот го призна тоа. Последната анкета на Евротинк говори дека во мандатот на Спасовски граѓаните конкретно од управните служби биле задоволни над 50 отсто, а сега е околу 20 отсто, истакна Бојмацалиев.